LOCKOUT/TAGOUT

Постапката заклучи и означи се применува со цел да се оневозможи неочекувано вклучување на опрема, машини или извори на енергија со што се намалува ризикот од повреда на вработените додека вршат поправка на постројките.

Заклучи и означи е безбедносна постапка која се користи во индустријата за да бидеме сигурни дека опасните машини се соодветно исклучени и да се оневозможи нивното повторно вклучување пред да заврши работата за нивно одржување и поправка.

Постапката заклучи и означи се применува за да бидеме сигурни дека од исклучените прекинувачи, рачно управувани вентили и кој било друг уред, нема да може да стигне електрична или каков и да е друг вид на енергија до машината или опремата што се сервисира.

Изворите на енергија вклучувајки ги и тие на електрична, пневматска, хемиска, топлинска и други извори на енергија, од кои се напојуваат машините и опремата можат да бидат опасни за работниците. За време на сервисирањето на машините и опремата, неочекувано вклучување или ослободување на енергија може да предизвика повреда кај вработените. Соодветната примена на постапката заклучи и означи ги заштитува работниците од повреда предизвикана од опасно ослободување на енергија.

Задолжителната применана на постапката заклучи и означи е уредена со Европските и Американските регулативи со кои е пропишано и користењето на овие уреди (блокатори):

  • EU Guidelines 89/655
  • EN 1037 ‘Safety of machinery – Prevention of unexpected start-up’
  • CEE 89/655
  • USA Regulations: OSHA (Occupational Safety & Health Administration) – standard for The Control of Hazardous Energy (Lockout/Tagout)

Од декември 2018 станавме дистрибутери на Loto Master , со цел презентација и продажба на lockout/tagout производите во Македонија и Косово.

За повеќе информации за постапката заклучи и означи побарајте го соодветниот производ во LOCKOUT/TAGOUT менито или контактирајте со нас.